Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ МОДЕЛ: За иста плата работниците ќе работат четири дена во неделата

НОВ МОДЕЛ: За иста плата работниците ќе работат четири дена во неделата

Шкотска пробува нов модел, така што за иста плата работниците ќе работат четири дена во неделата. 

Пробната програма што ја започна шкотската влада е најверојатно предводена од враќање на луѓето на своите работни места по локдаунот, пренесува Би-Би-Си.

Се верува дека работниците ќе бидат поодморени, задоволни и продуктивни, што потоа ќе придонесе за еднакви, па дури и подобри работни резултати. 

Шкотскиот Институт за истражување на јавна политика, констатираше дека дури 80 отсто од работниците би сакале пократка работна недела.  Ваков модел има во скандинавските земји. 

Шпанската влада ја разгледува можноста за воведување на овој модел за да се забрза економското закрепнување. Јавната администрација во Данска и во Исланд веќе го усвои моделот и вработените работат само до четврток.

Слично

Поврзани вести