Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ МЕТОД: Магнетна резонанца ќе ги открива недостатоците на фетусот

НОВ МЕТОД: Магнетна резонанца ќе ги открива недостатоците на фетусот

Од неодамна на Клиниката на радиологија почна да се применува нов метод на откривање аномалиите на плодот со помош на магнетна резонанца.

Надица Митреска - Директорката на Универзитетската Клиника за радиологија истакнува дека оваа метода воопшто не е опасна за здравјето на фетусот и мајката и истата ќе овозможи рано дијагностицирање на  евентуални аномалии кај плодот.

-Ова е една ефетивна, сензитивна и специфична метода која дава позитивни резултати. Со неа ќе биде овозможено рано откривање на аномалии на мозокот, на градниот кош, на органите во градниот кош, на вратот и лицето, на абодеменот, цисти, тумори, промени кај бубрезите, или пак промени во плацентата. Методата е неопасна за мајката и фетусот, нема никакви контраиндикации и дава брза и точна дијагноза, вели Митреска.

Митреска истакнува дека оваа метода не е рутинска и е наменета пред се за трудници кои за ваков преглед ќе имаат препорака од специјалист гинеколог.

На Клиниката за радиологија досега се направени петнаетина магнетни резонанци кај фетус.

Новата метода на радиологија ја работи асистент Јасмина Јошева која поминала двомесечна обука во медицинскиот центар Роналд Реган во Лос Анџелес.

Слично

Поврзани вести