Нов лик добија 12 центри за вработување во земјава
Целосно се обновени 12 центри за вработување во Македонија, соопшти денеска заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Министерството за труд и социјална политика континуирано работи на создавање современи услови за работа и престој во центрите ширум земјава, додава Спасов.
„За оваа намена користевме финансиски средства од ИПА програмата на ЕУ во износ од 2 милиони евра, за реновирање на 42 објекти ширум државата. Во овој проект се опфатени 18 центри за социјална работа, 12 дневни центри за лица со пречки во развојот и 12 центри за вработување“- кажа Спасов.
Другите дневни и социјални центри наскоро ќе бидат целосно завршени. Спасов заедно со градоначалникот на Виница, Емил Дончев денеска извршија увид во реконструкцијата на Центарот за вработување и Центарот за социјални работи во Виница.
Слично
