НОВ КРИПТО ШОК: „Таткото“ на лајткоинот продал се
Творецот на една од најголемите алтернативни криптовалути го продал својт дел како што е наведено, поради „судир на интереси“.
Чарли Ли соопштил дека ги продал и подарил сите свои парички во последните неколку дена. Како што рекол, на тоа го навеле критиките на луѓето дека се обидувал да влијае на цената на лајткоинот со своите твитови.
„Кога и да твитнам за цената на лајтот, без разлика да се добри или лоши вести, ме обвинуваат дека работам за лична корист. Некои дури и мислат дека сум во минус. Во одредена смисла, судирот на интереси е да имам лајт а да твитам за тоа бидејќи имам некое друго влијание“, напишал Ли.

Ли, кој е поранешен работник на Гугл, во 2011 година го креираше лајткоинот како евтина варијанта на биткоинот. Оваа недела, таа валута е петтата најголема криптовалута со пазарна вредност од околу 17 милијарди долари.
Ли не открива колку заработил на продажбата на лајткоинот, но додал дека неговиот потег не влијаел на цената на лајткоинот.
Оваа валута инаку падна за 6 отсто денес, но лајтот почна да паѓа веќе извесен период така да продажбата на Ли изгледа навистина не влијаела на цената.
