Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов конфликт: Царините на Трамп ги разнишаа односите со Канада

Нов конфликт: Царините на Трамп ги разнишаа односите со Канада

Планираната заедничка церемонија меѓу САД и Канада во петок по повод отворањето на меѓународниот мост „Горди Хау“ помеѓу Детроит и Виндзор во канадската покраина Онтарио е откажана.

Таа одлука следеше откако американскиот претседател Доналд Трамп објави воведување на царини од 50 проценти за повеќето канадски производи.

При објавувањето на царините, Трамп ја обвини Канада за неправедна дискриминација кон американската автомобилска индустрија, како и кон производителите на алкохолни пијалоци и млечни производи, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу овие две земји.

„Со оглед на трговските мерки што ги објавија Соединетите Американски Држави претходно оваа недела, не би било соодветно да се одржи церемонија со која ќе се прослави соработката меѓу двете земји“, изјави Џена Гасабех, портпаролка на канадскиот министер за инфраструктура Грегор Робертсон.

За потсетување, американските и канадските претставници постигнаа договор претходно овој месец за отворање на Меѓународниот мост „Горди Хау“, по одложувањата предизвикани од несогласувањата меѓу двете земји.

Канада сега планира да одржи своја церемонија во петок, додека сè уште не е познато дали САД ќе организираат посебен настан.


Слично

Поврзани вести