Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов извештај на „Фридом Хаус“ за земјите во транзиција

Нов извештај на „Фридом Хаус“ за земјите во транзиција

Американската организација за прашања на човечки права и слобода во светот, Фридом Хаус , го издаде својот годишен извештај за земјите во транзиција. Рангирани се 29 држави од кои 13 се оценти како демонратски, 6 во преоден период, а 10 како авторитарни режими.

Што се однесува до земјите од Западен Балкан, тие се разнгирани по следниот ред, од најдобар кон најлош режим: Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.

Фридом Хаус во својот извештај оценува дека плодни се разговорите околу статусот на Србите на Косово, и мирните преноси на властите после изборите во Албанија, придонеле кон значајно подобрување на состојбата во тие две земји, се вели во извештајот.

fridom 2015

Перспективата на Македонија, меѓутоа, е помалку розева. Извештајот вели дека паднала во категоријата на транзитни режими, 10 години откако излегла од таа група, пред се поради влошувањето на медиумските слободи во земјава.

Ставени сме во групата „Предни влади или хибридни режими“, со наслов „Држави во транзиција“, а пад се забележува во  изборниот процес и граѓанското општество.

Долготрајниот политички застој и понатаму ја парализира државната власт во БиХ. Тоа ја дава и оценката на напредок на демократијата, која од година во година е се пониска.

Слично

Поврзани вести