Нов историски износ-Јавниот долг достигна 4,33 милијарди евра
Само во Република Македонија е можно за три месеци да се зголеми јавниот долг за 105 милиони евра, а секторот за јавен долг и Министерството за финансии со манипулации да се обидат да прикажат дека јавниот долг се намалил, обвинува дополнителниот заменик министер во оставка, Кире Наумов, за износот на јавниот долг на Р.Македонија заклучно со март 2016.
Наумов вели дека никаде во светот износот на јавниот долг како процент од БДП во соодветниот квартал, не се пресметува во сооднос со проекцијата за растот на БДП до крајот на годината, туку се пресметува врз основа на податоците за последните четири квартали.
„Во нормални околности износот на проектираниот БДП во овој момент треба да изнесува 9.176,3 милиони евра, како збир на предвидениот БДП од прв квартал од 2016 година со соодветниот раст и реализациите од вториот, третиот и четвртиот квартал од 2015 година“, додава тој.
Новиот историски износ на јавниот долг од 4,33 милијарди евра е всушност 47,2% од БДП.
Слично
