Нов глобален ценовен шок ќе удри по стандардот на граѓаните?
Политичката криза во Украина, ќе предизвика спирално зголемување на цените на повеќе производи, поради нестабилната и се поголемата цена на житото на светските пазари.
Украина е еден од најголемите произведувачи и извозници на житни култури. Таа е трет најголем светски извозник на пченка со 18,5 милиона тони годишно, додека со извоз на пченица од десет милиона тони е на шестото место во светот, затоа актуелните случувања во таа земја имаат големо влијание врз цената на житото на светските пазари.
Со оглед на тоа што и нашата држава потребите за жито не ги задоволува целосно од сопствено производство, увозната зависност кон овој производ може да доведе до покачување на цената на многу производи, за кои директно е поврзан овој инпут за добивање на готов производ.
И.Т.
Слично
