Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов германски инвеститор: Не очекувајте германски плати во македонски услови!

Нов германски инвеститор: Не очекувајте германски плати во македонски услови!
Германската компанија ОДВ Електрик започнува со пробно производство во Охрид. Се очекува до крајот на оваа и почетокот на следната година да започне и испораката на производите на ОДВ Електрик произведени во Македонија до нивните клиенти во светот. Извршниот директор на компанијата во Македонија Огнен Цубалески вели дека платите што ќе ги нудат се малку повисоки од македонскиот просек, но не можат да се очекуваат германски плати во македонски услови. „Една од колешките која ќе почне да работи, неколку години работела 13 часа на ден, не добива одмор и боледување и прима 8000 денари плата. Таа ќе почне да работи кај нас со 40 часа работно време и ќе има 200 евра плата. Платите се квалитетни и се она што оди со нив, со почитување на сите права и обврски од страна на вработените и работодавачот“, вели Цубалески. ОДВ Електрик Македонија беше официјално регистирана во јули годинава, а првите вработувања се склучија на 15.јули. Првата група вработени помина интензивна обука во погони на компанијата во Украина каде се произведува потполно еднаков производ којшто ОДВ ќе го произведува и во Охрид. „Се повеќе странски компании се одлучуваат да инвестираат не во Скопје, туку во другите градови од државата, што значи дека странските инвестиции даваат можности за рамномерен економски развој и за поголем број вработувања“, вели директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо. Компанијата почнува со работа во адаптиран објект, а напролет треба да започне да гради своја фабрика во индустриската зона меѓу Охрид и Струга.
Слично

Поврзани вести