Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов енергетски крал - Гаспром го детронизираше Ексон Мобил

Нов енергетски крал - Гаспром го детронизираше Ексон Мобил

Руската енергетска компанија Гаспром изби на првото место на S&P Global Platts 250 рејтингот кој ги мери достигнувањата на енергетските компании и за прв пат по 12 години го симна од врвот американскиот нафтен гигант Ексон Мобил.

Гаспром ги поседува најголемите светски резерви на природен гас и токму тука лежи нивната доминација на пазарот со огромни финансиски успеси. Гаспром произведува природен гас, потоа горива за автоиндустријата, исто така е меѓу четирите најголеми руски производители на нафта, а има инвестиции и во енергетиката. 

Во S&P Global Platts 250 рејтингот голем пад забележаа компаниите кои се занимаваат со производство на јаглен, Ексон Мобил падна на 9-тото место, а нови лидери покрај Гаспром се и германски E.ON, Reliance Industries од Индија се на трето место, Korea Electric Power изби на четвртото место, а топ 5 листата ја заокружува кинеската CNPC.


Слично

Поврзани вести