Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ДРАСТИЧЕН РАСТ НА ЦЕНАТА НА НАФАТАТА: Сведочиме поскапување најголемо од 2015 година

НОВ ДРАСТИЧЕН РАСТ НА ЦЕНАТА НА НАФАТАТА: Сведочиме поскапување најголемо од 2015 година

Цените на нафтата на светските берзи се зголемија минатата недела, достигнувајќи нови највисоки нивоа за повеќе од седум години, бидејќи трговците стравуваат од прекини во снабдувањето поради украинската криза, објави Кликс.

Ова е шеста недела по ред како растат цените на нафтата на светските берзи.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 2,4 отсто, на 90,03 долари, додека на барелот на американскиот пазар за 2 отсто, на 86,82 долари.

Во петокот во еден момент цените на нафтата беа уште повисоки, достигнувајќи ги највисоките нивоа од 2014 година бидејќи трговците стравуваат дека украинската криза може да предизвика пореметувања на енергетските пазари, пишува Ројтерс.

„Премијата за ризик на цената на нафтата сега веројатно е речиси 10 долари за барел“, рече Карстен Фрич од Комерцбанк.

Повисок раст на цените беше спречен со зајакнувањето на доларот, чија вредност во однос на валутната група минатата недела порасна за 1,7 отсто и достигна највисоки нивоа од средината на 2020 година, бидејќи се очекува американската централна банка да ги зголеми клучните каматни стапки наскоро.

Бидејќи цената на нафтата се изразува во долари, тоа ја прави нафтата уште поскапа во други валути, па побарувачката е слаба, пишува Bankar.me.

Оваа недела во фокусот на трговците ќе биде средбата на ОПЕК и другите големи светски производители, на која ќе се преиспита производствената политика и планот за зголемување на производството во март за 400 илјади барели дневно.


Слично

Поврзани вести