Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ДОГОВОР ЗА НАФТАТА: ОПЕК донесе важна одлука

НОВ ДОГОВОР ЗА НАФТАТА: ОПЕК донесе важна одлука

Глобално постигнат е нов договор за нафтата. 

Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК постигна нов договор за намалување на глобалното производство на нафта, јави Раша тудеј.

Членките на ОПЕК и останатите земји производители се договорија производството да се намали за 1,2 милиони барели дневно.

Оваа вест предизвика нагло зголемување на цената на нафтата за повеќе од пет отсто, со што цената на северноморската нафта од типот „брент“ се зголемина 63,04 долари за барел, а на американската „лесна“ нафта скокна на 53,85 долари за барел.

Картелот ќе го намали производството за околу 800.000 барели дневно, а нечленките на ОПЕК и Русија за 400.000 барели дневно.

Во моментов САД произведуваат 11,7 милиони сирова нафта дневно, што значи дека им конкурираат на водечките светски производители, вклучително и на најголемите – Саудиска Арабија и на Русија. 

Слично

Поврзани вести