Нов директор во ЕЦБ е банкар кој никогаш не работел во Централна банка
Моќното шпанско лоби предводено од премиерот Рахој успеа да ја постигне целта и да го добие заменичкото директорско место во Европската централна банка која е задолжена за еврозоната. Нов заменик директор по многу игри и притисоци е Луис Де Гуиндос кој досега беше министер за економија на Шпанија.
Сепак, европскиот парламентарен комитет задолжен за финансии не е премногу среќен со изборот на шпанскиот министер кој досега има искуство како банкар, но во приватни корпорации како Lehman Brothers, но никогаш не и државна централна банка, па така се смета дека имало и подобри кандидати од него.
Меѓу нив беше ирскиот банкар Филип Лејн кој е гувернер на Ирската централна банка, но Република Ирска реши да се повлече од трката.
18 месечниот мандат на Де Гуиндос ќе започне во мај кога од истата позиција во ЕЦБ се повлекува Витор Констансио од Португалија.
Инаку Шпанија е четврта економија по моќност во еврозоната но, од 2012 немаше свој директор во ЕЦБ.
