Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, досегашен директор на МЕПСО

Нов директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, досегашен директор на МЕПСО
„Особен предизвик и голема одговорност беше да се води менаџерскиот тим на АД МЕПСО во спроведувањето на проектите поддржани од Владата и креирањето и имплементацијата на новите проекти за модернизација на мрежата, за подобрување на доверливоста и стабилната работа на електроенергетскиот систем и за либерализација на пазарот на електрична енергија. По 20 месеци посветена работа задоволство е да се согледа сработеното, да се анализира стекнатото знаење и новите искуства. Предизвиците за зголемување на ефикасноста во управување  со електроенергетскиот систем и  надградба на преносната мрежа го трасираа патот и ја креираа агендата и за иднина. Резултатите се мерливи и споредливи. Беше задоволство да се работи со менаџерскиот тим и да се делат искуствата со целиот колектив на АД МЕПСО. Предизвикот, да се управува со најголемата електроенергетска македонска компанија, е силен мотив за себедокажување на целиот тим и огромна одговорност во сегашноста и пред иднината“, се заблагодари на довербата новиот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски.  
Слично

Поврзани вести