Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов директор и на РЕК Битола

Нов директор и на РЕК Битола
Јовко Крстевски, со одлука на Управниот одбор, е назначен за нов генерален директор во термоелектраната РЕК Битола. Тој пред именувањето на оваа функција беше директор за производство во Комбинатот. Претходно, Крстевски беше директор на ЈП “Комуналец” Битола а едно време ја извршуваше функцијата координатор на општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ Битола. На функцијата генерален директор на РЕК “Битола” Крстевски доаѓа по распишаниот конкурс за раководни места во најголемиот електро- енергетски комбинат во државата, објавен пред неколку месеци. Назначувањето на Крстевски е само една од промените на раководните функции во енергетскиот сектор. Претходно, со одлука на Влада беа извршени смени на клучните директорски позиции во ЕЛЕМ и МЕПСО. Последна е смената на директорот на Агенцијата за енергетика. Повеќе за тоа на следниот линк: Нови директорски смени во енергетскиот сектор    
Слично

Поврзани вести