НОВ ДАНОЧЕН РАЈ: Како САД ќе станат „нова Швајцарија“ ?!
Соединетите Американски држави се нова Швајцарија кога се работи за избегнување на плаќање данок и можеби ниедна држава не е подобра од САД во избегнување на данок, пишува Блумберг повикувајќи се на изјавата од „Rothschild“ огранокот за приватно банкарство.
Во студијата на Блумберг се наведува дека американските држави Невада, Вајоминг и Јужна Дакота постепено им ја преземаат „работата“ на Британските девствени острови, Бахамите и Пвајцарија, бидејќи САД нудат тајност на банкарските сметки.
Банкарскиот див „Rothschild“ на пример, отворил подружница во градот Рино, во Невада, само неколку блокови од најпознатите казина, како би избегнал нови меѓународни барања за обелоденување на даночни информации, од кои „коцкарската“ Невада е исклучок.
Филијалата на „Rothschild“ опслужува меѓународни клиенти привлечени од стабилноста на финансискиот систем, а портпаролката Ема Рес истакнува дека клиентите мора да „докажат дека не ги кршат даночните закони на своите земји“ и дека подружницата не е „основа како би го искористила фактот дека САД не се придружиле до меѓународните стандарди на известувања“.
Исто така, компанијата „Trident Trust“, најголемиот понудувач на услуги за „офшор“ фондови, пресели во САД десетина клиенти од Швајцарија и од Кајманските острови, се наведува во текстот, со укажување дека САД се една од ретките држави кои и денес се раководи од принципот на тајност на банкарски сметки кон странски валути.
Тоа најмногу би можело да ги налути Швајцарците, чии банки се најдоа на удар на американските власти пред шест години кога е побарано да ја укинат повеќевековната традиција на „банкарски тајни“, односно доверба во поглед на финансиските трансакции на клиентите, по што швајцарските банки беа познати во светот.
Американските даночни места се привлечни бидејќи сојузните држави не можат да го почитуваат договорот за отстапување на податоци за клиентите на даночните власти на САД од 2010 година, со кој од финансиските компании се бара да објават податоци за пресметка на американските граѓани во странство и да ги пријават на даночните власти.
Освен тоа, САД не го потпишале ниту договорот на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) за размена на даночни информации, со што, како што пренесува њујоршката агенција, во САД ќе се привлечат повеќе клиенти.
