Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов циклус саеми за вработување-шанса за невработените?

Нов циклус саеми за вработување-шанса за невработените?

Идната недела ќе започне нов циклус саеми за вработување кои ќе ги спојат работодавачите и невработените на иста маса.

Компаниите своите потреби од работна сила ќе ги престават, прво  во Скопје, а потроа и во останатите поголемите градови а невработените или оние кои сакаат да ја сменат работата, ќе  можат директно да поразговараат со потенцијалнит работодаваци и да остават своја биографија

„Преку директен контакт со работодавачот лицето кое бара вработување да види што се бара, колку се бара, колку е тоа платено, односно што нудат работодавачите и какви се работните места. Може да остават свое си-ви  на кое се надевам дека во наредниот  период ќе  биде позитивно одговорено од работодавачите и ќе бидат поканети на интервју и можеби ќе бидат вработени“, објасни директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Овие саеми претставуваат и еден вид на можност невработените да видат какви квалификации се бараат од нив и евентуално да се дообучат  за да можат да одговарат на потребите.

На изминатите два ва циклуси Саеми за вработување беа претставени над 700 копмани кои пак овозможиле да се вработат 2,500 лица.

Слично

Поврзани вести