Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов бран мигранти - ќе ја преплават ли Грција?

Нов бран мигранти - ќе ја преплават ли Грција?

Нов бран мигранти има во Грција. 

Бројот мигранти кои пристигнуваат на грчките острови сега е за четири пати поголем од истиот период минатата година. 

На островот Лезбос, каде што е најголемиот камп за мигранти, лани дневно во просек пристигнувале по 54 мигранти, а сега над 200 секој ден.

Од март годинава грчките острови и северна Грција беа сведоци на пристигнувањето на голем број бегалци од Блискиот Исток, чиј број е значително повисок во споредба со истиот период лани. 

Од почетокот на оваа година над 7.000 бегалци и мигранти пристигнале преку морето во Грција, а само 112 се вратени во Турција.

Министерот за миграциона политика Димитрис Вицас вели дека  се подготвени два плана - еден ако приливот на мигрантите се зголеми за 15 отсто, и друг за во случај на „скоковит пораст“ на приливот. Тој додаде дека за овие планови не може да зборува јавно „бидејќи не треба да ги дознаат нашите противници - шверцерите на луѓе и оние надвор од Грција што имаат политички намери“.

Слично

Поврзани вести