Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов бизнис – ќе се отвораат подвижни аптеки!

Нов бизнис – ќе се отвораат подвижни аптеки!
Министерството за здравство ќе додели 24 лиценци за подвижни аптеки, кои треба да ги снабдуваат со лекови помалите места низ Македонија. Овие подвижни аптеки ќе мора да ги посетуваат селата и другите помали населени места најмалку 2-3 пати месечно по претходно утврден распоред и да ги доставуваат потребните лекови за пациентите, објаснува министерот за здравство Никола Тодоров. „Ова ќе биде посебно олеснување ќе има за лицата кои живеат во руралните средини, особено тие што примаат хронична терапија. Тие преку овој проект ќе може да ја подигнат терапијата со рецепт во местото на живеење“, вели Тодоров. Министерството за здравсво ќе го објави огласот за издавање на лиценците, на кој можат да се пријават фармацевтските компании кои ќе треба да обезбедат специјално возило за превоз на лекови и фармацевтски техничар со искуство за да ги разнесува лековите. Во аптеката ќе мора да има и вработен дипломиран фармацевт кој најмалку еднаш неделно ќе ја контролира работата на фармацевтскиот техничар.
Слично

Поврзани вести