НОВ БЕГАЛСКИ БРАН: За еден ден во земјава влегле 10 000 бегалци!
На граничниот премин со Грција во последните 24 часа бројот на бегалци е зголемен со 3000 до 4000 при што во текот на претходните денови влегле околу 10 000.
Во периодот од 08,00 часот на 18.10.2015 до 19.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.909 странски државјани, од кои, 1.595 се од машки пол, 482 се од женски, 638се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 194 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.648, Авганистан –626, Ирак-382, додека другите се во помал број. Во периодот од 19.06.2015 до 19.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно155.739 странски државјани, од кои, 99.600 се од машки пол, 21.532 се од женски, 28.218 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.389 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-106.915, потоа Авганистан-25.818, Ирак-11.697, Пакистан-3.729, Иран-1.806, Палестина-1.507, Сомалија-824, Бангладеж-828, Конго-450, Нигерија-244, Камерун-218, Еритреја-204, додека останатите се во помал број.Зголемениот прилив на бегалци се поистоветува со интензивирање на воените акции и приближување на зимата, при што мигрантите се обидуваат што порано да дојдат до крајните дестинации во западна Европа.
МВР од средината на јуни, кога стапија на сила измените на Зконот за азил, издаде околу 160 000 потврди за признавање на правото на азил во Македонија на странски државјани кои илегално влегоа на наша територија.
Слично
