Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов анекс за „Бетон“, „Филип втори“ стаса до фантастични 67 милиони евра

Нов анекс за „Бетон“, „Филип втори“ стаса до фантастични 67 милиони евра
Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор потпиша уште еден анекс на основниот договор со градежната компанија „Бетон“ за доградба на стадионот „Филип Втори“. На компанијата ќе и бидат исплатени дополнителни 900.000 евра изведба на градежни и занатски работи на трибините, за систем за наводнување на тревата и за борилиштата и за дренажа, како и за набавка на машини за одржување на тревната површина.
Ова годинава е втор анекс. Во јуни на „Бетон“ со непосредна спогодба и беа доделени и 1,5 милиони евра за изведба на атлетските патеки и останатите борилишта, согласно критериумите на светската атлетска федерација.
Со овие два анкеси и претходните два, што беа потпишани лани, изградбата на источната и западната трибина и реновирањето на терените, досега чинат фантастични 67 милиони евра.
Слично

Поврзани вести