Норвешка седма година по ред најпросперитетна, Македонија годинава скокна на 65 место!
На листата најнапредни земји на светот Македонија се најде на 65 место, а не претехнаа Грција, Хрватска, Бугарија и Црна Гора, додека зад нас се рангирани Србија, Албанија и БиХ.
Целото истражување може да го погледнете овде.
Во поткатегории Македонија, најдобро рангирана е во категоријата здравство каде го зазема 50-то место, а солидни оценки добивме и во секторот на претприемништво, можности за напредок и безбедност.
Седма година по ред Норвешка е прогласена за најнапредна земја на светот според Индексот на просперитет во 2015 година.
Норвешка е богата со нафта и има необично дарежлив социјален состав и рано пензионирање, а соседните Данска и Шведска исто така влегуваат во друштвото на пет најнапредни земји во светот.
Авторите на истражувањето напоменуваат дека скандинавските земји редовно ги заземаат највисоките позиции поради одличниот образовен систем, претприемачки активности и услови, но и одличен и здравствен социјален систем. Сепак, лондонскиот институт ги критикува поради високата невработеност која, на пример во Шведска изнесува 7,8 , а во Финска дури 9,4 одсто.
Освен скандинавските земји, во друштво на десет најнапредни земји се најдоа и Швајцарија, Нов Зеланд, Канада, Австралија, Холандија и Ирска,. САД се најдоа на 11 место, а Германија ја зазеде 14 позиција.
Овогодишната студија скренува внимание на земјите од Југоисточна Азија , посебно на Сингапур кој е прогласен за економски најнапредна земја, додека Индонезија е прогласена за економија која најбрзо се развива -во изминатите седум години напредувала дури за 21 место. Од друга страна, Кина веќе не стои така добро поради растечката невработеност и идни очекувања на пазарот на труд.
Појавата на таканаречена Исламска држава ја промени и сликата на целиот Блиски исток кој е прогласен за опасно подрачје. Поради безбедноста на листата склизнаа и САД на кои им се замеруваат убиства на затвореници, нивно држење во самици и честа бруталност на полицијата.
Најзостаната земја на светот е Средноафричката Република која ја следат Авганистан и Хаити.
