Економија, финансии, бизнис

Контакт

Норвешка најголем победник од договорот меѓу ОПЕК и Русија

Норвешка најголем победник од договорот меѓу ОПЕК и Русија

Норвешка како европска земја која има најголемо учество во производството на сурова нафта се очекува да има најголем ќар од постигнатиот договор меѓу ОПЕК и Русија. Во изминатите две години инвестициите во нафтениот сектор во Норвешка драстично опаднаа, а со тоа се намали и вкупното производство што земјата ја чинеше и губење на 40.000 работни места. 

Бидејќи Норвешка повеќе не може да оди под минималното количество на производство на сурова нафта, токму предвидениот раст на цените на глобалните берзи може да им биде од огромна полза бидејќи ќе се зголеми стапката на профитабилност без дополнителни трошоци или кратења. 

Аналитичарите кои го фаворизираат договорот меѓу Русија и ОПЕК исто така прогнозираат дека бенефит на долг рок ќе имаат и крајните корисници со стабилизирањето на пазарот. 


Слично

Поврзани вести