Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОРВЕШКА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА НАМАЛИ ЗАВИСНОСТА НА ЕВРОПА ОД РУСКИОТ ГАС: Сега покрива меѓу 20 и 25 отсто од потребите за гас

НОРВЕШКА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА НАМАЛИ ЗАВИСНОСТА НА ЕВРОПА ОД РУСКИОТ ГАС: Сега покрива меѓу 20 и 25 отсто од потребите за гас

Норвешка, вториот најголем снабдувач на природен гас во Европа, објави чекори за одржување на производството на гас на максимално ниво за да и помогне на Европа да ја намали зависноста од рускиот гас, пишува Thelocal.no.

Норвешкото Министерство за нафта и енергија се согласи да ги прилагоди лиценците за производство на три офшор полиња - Осеберг, Трол и Хајдрун - за да можат да му дадат приоритет на производството на гас пред нафтата.

Мерките „нема значително да го зголемат дневното вкупно норвешко производство на гас, но ќе придонесат за одржување на денешниот висок извоз на норвешки гас“, соопшти Министерството.

Норвешка покрива меѓу 20 и 25 отсто од потребите за гас на Европската унија и Велика Британија, додека Русија сочинува меѓу 45 и 50 отсто.

Од руската инвазија на Украина на 24 февруари, ЕУ се обидува да го намали увозот на руски гас за две третини.

Норвешкиот извоз на гас сепак е притиснат од производствените капацитети, кои веќе се зголемуваат на максимално ниво, како и од и дистрибутивниот систем преку цевководи.

Единствената норвешка единица за течен природен гас (LNG), која овозможува испорака на гас со брод во течна форма, беше оштетена во пожар во септември 2020 година.

Лоциран во Хамерфест во северна Норвешка, тој ќе биде повторно во функција до средината на мај, наведува неговиот оператор, енергетскиот гигант Еквинор, што ќе овозможи потоа да се зголеми обемот на извозот.

Според Еквинор, прилагодувањето на лиценците за производство, Осеберг ќе овозможи извоз на дополнителни 1 милијарда кубни метри до 30-ти септември, кога е планирано да се извршат активности за одржување.

Платформата Хајдрун во меѓувреме ќе може да ги зголеми своите испораки за 0,4 милиони кубни метри во цела 2022 година.

Еквинор вели дека „1,4 милијарди кубни метри гас ги задоволува потребите за гас на околу 1,4 милиони европски домови во текот на една година“.

Трол во меѓувреме доби овластување да го зголеми своето производство до 1 милијарда кубни метри во случај на губење на производството во останатите платформи.

За да ги искористи рекордните високи цени на бензинот во последно време, Еквинор веќе доби прилагодување на дозволите за производство за Осеберг и Трол минатата година.

ФОТО: HELGE HANSEN / HYDRO

Слично

Поврзани вести