Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОН ПЕЈПЕРОТ И СУДБИНАТА НА БОСНА: Инцко повика да не се отвора Пандорината кутија

НОН ПЕЈПЕРОТ И СУДБИНАТА НА БОСНА:  Инцко повика да не се отвора Пандорината кутија

Нон пејперот за кој словенечкиот премиер Јанез Јанша тврдеше дека не постои, ги загрижува балканските земји. 

Најжестоко на идејата за промена на границите се спротивставија во БиХ.  Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко,  предупреди на опасноста од распад на Босна.

„Никој не смее да ја отвори Пандорината кутија. Не дозволувајте тоа да се случи”, рече Инцко во изјавата за австрискиот дневен весник „Клајн цајтунг“.

Тој рече дека големи поместувања на границите може да имаат  тешки последици.

Вели дека ситуацијата е јасна, а тоа е дека распадот или излегувањето од државата БиХ не е можно.  Инцко додава дека е потребно време државата за да закрепне од војната и од стотиците илјади убиени.

Еди Рама, албанскиот премиер, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите во земјите од регионот на Западен Балкан. Рама во емисијата „ИЗБОРИ 2021 на V +“ рече дека ја видел картата уште пред да му ја покаже неговиот словенечки колега Јанез Јанша, пишува „КоССев“.

Слично

Поврзани вести