Ноќно скијање на Попова Шапка? Еве колку чини!
Од вечерва започнува ноќната скијачка сезона во ски-центарот “Попова Шапка”. На ски-лифтовите Поток 1 и Поток 2 (или Тетекс), вечерва во 19:00 часот ќе бидат вклучени светилките и официјално ќе започне ноќното скијање.
Вечерва користењето на ски-лифтовите ќе биде бесплатно, информираат од ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје.
Од наредните денови ќе важат вообичаените цени, односно 900 денари за целодневен, 600 денари за полудневен билет и 400 денари за ноќно скијање.
Слично
