Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ноќните клубови се затвораат, Црна Гора ги забрани и свадбите

Ноќните клубови се затвораат, Црна Гора ги забрани и свадбите

Црна Гора ги забрани свадбите, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот. 

Владата усвои нови мерки, кои вклучуваат и забрана за организирање новогодишни прослави на отворено. Забранети се и концертите, масовните собири, како и свадбите и на отворено и во затворено, а се затвораат и ноќните клубови. Угостителските објекти  можат да работат до полноќ.

Новите мерки стапуваат на сила в понеделник и ќе важат најмалку до 1 декември.

Националната ковид пропусница од претходно е услов за преминување на државната граница и за влез во угостителски објекти и театри, но министерката за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ изјави дека постои можност од 1 декември таа да се бара и од сите вработени во државната администрација, како и за влез во јавен превоз и трговски центри.

Досега во Црна Гора, 2.194 луѓе починаа од коронавирусот. 

Фото: Вијести

Слично

Поврзани вести