Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОЌИТЕ ЌЕ СТАНАТ НЕПРИЈАТНО ТОПЛИ СЛЕДНИВЕ ДЕНОВИ, високи температури и од понеделник, српски метеоролог најавува долг сушен период

НОЌИТЕ ЌЕ СТАНАТ НЕПРИЈАТНО ТОПЛИ СЛЕДНИВЕ ДЕНОВИ, високи температури и од понеделник, српски метеоролог најавува долг сушен период

Српски метеоролог, Марко Чубрило за медиумите во соседствот посочува дека пред нас е долг период на суво и екстремно топло време . По топлотниот бран наречен „Луцифер“, кој ја зафати Европа, а од денеска доаѓа и на Балканот, Чубрило наведува дека горештините ќе потстивнат по 27 јули, но најави дека во август се можни нови топлотни бранови. 

Според него, посилно освежување и врнежи не се на повидок, но додава дека има мали шанси за врнежи во недела.

- Следните денови ќе биде претежно сончево и секој ден ќе биде се потопло. Денеска максимални од +30 до +34 Целзиусови степени, на југ веќе околу +37. Следните денови ќе бидат уште потопли и кулминација на првиот дел од топлотниот бран се очекува во сабота, кога максималните треба да бидат од +33 до +38, а локално околу +40 Целзиусови степени. На некои места во внатрешноста на Јадранот максимумот би можел да биде над +40 степени Целзиусови - открива метеорологот.

Вториот ден од викендот јадрото на антициклонот накратко ќе се придвижи кон централна Европа - што би овозможило занемарливо мало количество влажен и помалку топол воздух да се спушти кон нас, продолжи Чубруло.

- Останува да се види како прегреаната атмосфера ќе реагира на оваа мала количина на влага, но во недела има зголемени шанси за грмежи, па дури и локални непогоди, особено во северозападниот и северниот дел на регионот. Се разбира, се може да се заврши и без дожд, а нестабилноста што ќе се случи ќе биде ретка, така што нема смисла да се зборува за одредена количина на дожд, а само некои области, главно на север, локално ќе добијат околу 5 мм врнежи - потенцира Чубрило

Според него, ова освежување практично нема да се почувствува на југ, а колку ќе се почувствува на север ќе знаеме дури околу петок, додава тој.

- Покрај топлите денови, од вечерва, а особено од утре вечер, ноќите ќе станат непријатно топли „тропски“ со минимуми кои често ќе се движат меѓу +22 и +26 Целзиусови степени. Од недела ќе има брзо враќање на екстремните горештини и по 25.07. максималните повторно ќе бидат од +33 до +38 Целзиусови степени локално и за неколку степени повисоки - вели метеорологот.

После 27 јули има знаци на малку попријатно време кога со можна појава на почести врнежи, но максималните температури сепак би биле високи, иако во просек за овој дел од годината би требало да се движат од +27 до +33 степени. 

- За жал, и ова можно освежување нема најава за конкретен дожд, а во моментов долгорочниот сигнал е дека е можно ново затоплување на почетокот на август - заклучува Марко Чубрило.

Слично

Поврзани вести