Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ноќеска поминуваме на летно сметање на времето, но дали знаете дека…

Ноќеска поминуваме на летно сметање на времето, но дали знаете дека…
Ноќеска во 2 часот по полноќ преминуваме на летно сметање на времето, односно стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред. Но, научниците предупредуваат дека загубениот еден час сон го зголемува ризикот од срцев удар за 25% овој понеделник, во однос на другите понеделници од годината. Ова го покажа штотуку објавена студија во САД, која се темели на бројот на примени пациенти во болницата во Мичиген во последните четири години. Од друга страна, ризикот од срцев удар се намалува за 21% во првиот вторник откако часовникот ќе се врати на стандардното „зимско“ сметање на времето и луѓето ќе добијат еден час повеќе сон. „До срцеви удари воопшто најчесто доаѓа во понеделник, а тоа се поврзува со стресот предизвикан од почетокот на новата работна недела. Но, во услови на промена на сметањето на времето од зимско на летно, намалениот сон за уште еден час, предизвикува дополнителен товар“, смета кардиологот Амнит Санд. Научниците сеуште немаат прецизен одговор зошто луѓето се толку чувствителни на промените во навиките за спиење. „Нашата студија покажува дека ненадејни, дури и најмали промени можат да имаат штетно влијание“, додаде тој.  
Слично

Поврзани вести