Нокиа ќе го освојува пазарот на мобилни телефони
Финската компанија ,,Nokia'' планира да се врати на пазарот на мобилни телефони и во моментов вработува софтверски експерти, тестира нови производи и е во потрага по продажни агент.
Компанијата планира повторно да се врати на пазарот на мобилни телефони, кој го напушти со продавањето на Microsoft во 2013 година. Компанијата која беше лидер на пазарот на мобилни телефони, беше потисната од конкуренцијата на Apple и Samsung. Челникот на Nokia, Рајев Сури најави дека Nokia ќе се врати на пазарот, кон крајот на 2016 година кога истекува договорот со Microsoft.
Слично
