Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОБЕЛОВЦИТЕ ТВРДАТ: Брегзит ќе и нанесе трајна штета на Британија

НОБЕЛОВЦИТЕ ТВРДАТ: Брегзит ќе и нанесе трајна штета на Британија

Десетина добитници на Нобелова награда за економија денеска предупредија дека британското гласање за излез од ЕУ ќе и донесе голема неизвесност на Британија како трговска нација, нанесувајќи и трајна економска штета.

„Веруваме дека, економски гледано, на Британија и е подобро во составот на ЕУ“, напишале Нобеловците во писмото објавено во британскиот весник Гардијан.

„На британските компании и работници им е потребен целосен пристап до единствениот пазар. Брегзит би создал голема неизвесност во поглед на алтернативни трговски договори на Британија со остатокот од Европа, но и важни пазари, како што се САД, Канада и Кина“, се додава во писмото.

Меѓу потписниците на ова писмо се лауреати наградени за истражувања кои датират уште од 70-тите години на минатиот век, како што се Џирџ Акерлоф, Кенет Ероу, Ангус Дитон, Питер Дајмонд, Џејмс Хекман, Ерик Маскин, Џејмс Мирлес, Кристофер Писаридес, Робберт Солоу и Џон Тирол. Економските последици на Брегзит, според нивните оцени ќе потраат долги низа години.

Британците во четвртокот ќе излезат на референдумот за членство на Британија во ЕУ,  а најновите анкети на јавното мислење покажуваат дека резултатот ќе биде тесен, наведува АФП.

Слично

Поврзани вести