Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ Тутунска банка со нов картичен продукт Debit MasterCard Contactless картичка

НЛБ Тутунска банка со нов картичен продукт Debit MasterCard Contactless картичка

Отсега со картичките на Тутунска банка можете да плаќате на најсовремениот начин кој се користи во светот – бесконтактното и за само една секунда.

Бесконтактната технологија е наједноставниот начин да платите со картичка на продажни места, брзо, едноставно и безбедно.

НЛБ Тутунска банка, како современа и иновативна банка, која континуирано ги следи новите технолошки достигнувања, и овој пат во чекор со новите банкарски трендови, лансира нов картичен продукт Debit MasterCard Contactless картичка со можност за бесконтактно плаќање. Бесконтактното плаќање е нова технологија која овозможува извршување на плаќањето само со доближување на картичката до ПОС терминалот. За клиентите овој начин на плаќање, нуди поголема сигурност, како и побрзо и полесно извршување на своите плаќања.

Од менаџментот на банката изјавија дека бројот на граѓани кои користат ваков вид на картички е се поголем а во тек на пазарот се обуки на трговците за овој вид на плаќање.

„Од 2 милиони жители, 1,5 милиони граѓани во просек користат безготовинско плаќање затоа и ние како иновативна банка решивме да го лансираме овој вид на картичка со која нашите корисници ќе можат полесно и побрзо да ги завршуваат плаќањата“, изјави Антонио Аргир, член на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка.

НЛБ Тутунска банка оваа година одбележува и прославува голем јубилеј - 30 години од своето постоење.

По повод 30-годишнината на Банката и воведувањето на новата бесконтактна MasterCard дебитна картичка, НЛБ Тутунска банка организира наградна игра во соработка со MasterCard за сите корисници на MasterCard картичките. Наградната игра ќе се реализира во периодот од 15.10.2015 до 15.11.2015 година.

Главната награда е автомобил Mitsubishi ASX. Покрај главната награда Банката дневно и неделно ќе доделува и вредни парични награди на износи од по 3.000 мкд, 5.000 мкд, 10.000 мкд  и 30.000 мкд кои ќе можат да се искористат на повеќе од 200 продажни места. За времетраење на наградната игра, ќе бидат доделени вкупнo 100 награди, од кои 99 се парични награди и една главна награда.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, корисници на НЛБ MasterCard кредитните картички и НЛБ MasterCard Contactless картичките кои во периодот од 15.10.2015 до 15.11.2015 година ќе направат најмалку една трансакција на износ еднакoв или поголем од 500,00 МКД. Трансакцијата треба да биде реализирана на ПОС терминал во било кое продажно место во земјата или преку Е-commerce.

 Како дополнителна промотивна поволност за времетраење на наградната игра, НЛБ Тутунска банка сите картички од програмата на MasterCard, ќе ги одобрува без членарина за првата година на користење.

Слично

Поврзани вести