Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ Отворен пензиски фонд најголем купувач на  акции во „Македонијатурист“, вложи  165.000 евра во акции!

НЛБ Отворен пензиски фонд најголем купувач на  акции во „Македонијатурист“, вложи  165.000 евра во акции!
За една година пензискиот фонд купи 23 отсто од сите акции во „Македонијатурист“ што се тргувале во период од една година Отворениот задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд во период од една година купил над 2.700 акции со право на глас во „Македонијатурист“ за што платиле околу 165.000 евра. Во рок од една година од 15 декември лани до 21 декември годинава портфолио менаџерите на овој фонд со пари на неговите штедачи купиле 0,6 отсто од сите акции со право на глас во „Македонијатурист“. Во однос на тоа што како обем е истргувано на пазарот во период од една година излегува дека отворениот НЛБ пензиски фонд купил речиси една четвртина од сите истргувани акции што убедливо до прави „ликвидити провајдер“ за таа акција. Во тој период фондот купил над 2.700 акции од вкупно истргуваните 11.716 акции. Просечната годишна цена на таа акција е 3.750 денари што значи дека во нив, апроксимативно, фондот вложил над 10 милиони денари. Со оваа инвестиција фондот ја зајакнал својата гласачка позиција за 8 осто на својот стек акции во споредба со нивото на 15 декември 2014 година. Според официјалната евидендија сега пензискиот фонд е трет по големина акционер во структурата на „Македонијатурист“ и поседува 7,66 отсто од акциите.  Фондот е единствениот акционер што го зголемува свооето учество во структурата на таа компанија за разлика од другите акционери што се во јавниот регистар на сопственици на акции што го води Централниот депозитар за хартии од вредност. И понатаму најголеми акционери остануваат долгогодишниот претседател на управниот одбор Доне Таневски кој поседува 19,18 отсто од акциите со право на глас пред Соња Бибановска, негова колешка од Управниот одбор која поседува 11,27 отсто од акциите на компанијата. Во сопствен откуп компанијата има 10 отсто од акциите кои сега не носат право на глас ниту дивиденда. Во јавниот регистар на „Македонијатурист“ акционер е и компанијата „Петролгас“, друштво во сопственост на Тетекс, а поседува 5,08 отсто од акциите. Зошто фондот купува акции во „Македонијатурист“ Очигледно дека анализите на портфолио менаџерите покажале дека таа компанија има квалитетна структура и дека на среден и на долг рок нуди убава перспектива и очекувани приноси за нивните штедачи. Фондот, согласно со законските прописи што ја регулираат неговата дејност, може да купува и во своето портфолио да чува најмногу до 10 отсто од акциите со право на глас во компанијата во која што вложува. Тоа значи дека е можно овој фонд и во иднина да продолжи да купува акции доколку се вклопува во неговата деловна стратегија. Во кратката историја на македонското акционерство овој фонд е првиот што јавно укажал на потребата од предвидлива дивидендна политика на фирма во која вложуваат. Тоа беше новина на едно од претходните акционерски собранија на „Македонијатурист“ на кое партиципираше претставник на овој фонд. Тоа што засега е пионерски обид во иднина може да прерасне во тренд или правило кај дивидендните македонски компании со цел да ги проектираат своите дивиденди и да објавуваат најави за износите. Со овој пример, во одредена смисла, пензискиот фонд се бори и за положбата и за правата на други мали акционери кои можеби со тек на време можат да почна и да се координираат или да го поддржуваат фондот во неговите активности на акционерските собранија. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести