Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ БАНКА ВО ОДЛИЧНА КОНДИЦИЈА - во првиот квартал оствари добивка од осум милиони евра

НЛБ БАНКА ВО ОДЛИЧНА КОНДИЦИЈА - во првиот квартал оствари добивка од осум милиони евра

Само во првиот квартал од годинава НЛБ Банка оствари одличен финансиски резултат, односно добивка од над осум милиони евра, покажуваат најновите финансиски извештаи на банката. 

Банката објави официјални податоци дека добивката за периодот јануари – март изнесува 8,12 милиони евра, а добивката по акција за овој период изнесува 9,5 евра. Во споредба со истиот период лани добивката на банката е зголемена за 19,5 отсто.

Нето приходите од камати бележат мал пад во споредба со истиот период лани. Тие за 90 дена изнесуваат 11,68 милиони евра, што е за 230.000 евра помалку од истиот период во 2020 година. Овој пад е компенизран со раст на нето приходите од втората по големина приходна ставка – нето провизиите од надоместоци и провизии. Тие на крај на март изнесуваат 4,54 милиони евра и се повисоки за 246.000 евра од истиот период лани. Останатите приходи од дејноста изнесуваат 2,4 милиони евра и во споредба со лани се поголеми за речиси половина милион евра.

Клучниот катализатор за зголемената добивка на НЛБ Банка е во намалените трошоци за резервации на кредитни пласмани. Тие се за 860.000 евра пониски во споредба со истиот период лани и за првите 90 дена годинава изнесуваат 2,2 милиони евра.

Повеќе детали за извонредниот резултат на НЛБ Банка во првите три месеци од годинава прочитајте тука. 

Слично

Поврзани вести