Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ Банка спаси 1.6 милијарди денари во спорот со Плаза

НЛБ Банка спаси 1.6 милијарди денари во спорот со Плаза

НЛБ Банка во своја полза го заврши судскиот спор кој беше покренат од ДПТУ ПЛАЗА во 2010-та за оштета во висина од нешто над 1.6 милијарди денари со конечна пресуда на Врховниот суд.

- НЛБ Банка АД Скопје известува дека во судски спор во кој НЛБ Банка АД Скопје беше тужена страна од ДПТУ ПЛАЗА ДОО Тетово, со основ раскинување на договор и надомест на штета, со вредност на спорот од 1.652.384.046,00 денари, Врховниот суд на Република Македонија донесе конечна Пресуда Рев1.бр.336/2015 од 22.03.2017 година со која ревизијата на тужителот се одбива како неоснована, со што се потврди Пресудата ТСЖ-1025/14 од 30.03.2015 година на Апелациониот суд Скопје, со која жалбата на тужителот се одбива како неоснована и се потврдува Пресудата 14 ТС-282/10 од 15.01.2014 година на Основниот суд Скопје II Скопје, со која тужбеното барање на тужителот се одбива како неосновано во целост.

Врз основа на наведените судски пресуди, судската постапка во која беше вклучена НЛБ Банка како тужена страна, чија вредност изнесуваше над 5% од вредноста на капиталот на друштвото, е конечно завршена во корист на НЛБ Банка АД Скопје, соопшти компанијата преку Македонска берза.

Слично

Поврзани вести