Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ банка нема да најде купувач во 2013-та година

НЛБ банка нема да најде купувач во 2013-та година
Јанко Меѓа претседател на управата на Нова Љубљанска банка, во разговор за Ројтерс, вели дека купувач за државниот удел на најголемата словенечка банка оваа година најверојатно нема да може да се најде. Меѓа потврди дека за најголемите три словенечки банки потребно е околу милијарда евра капитал. Словенечкиот премиер Аленка Братушек изјави дека Владата во рок од 14 дена во парламентот ќе го испрати предлогот за приватизација на едно или две поголеми државни претпријатија, пренесува порталот Seebiz. Таа сака една од тие две компании да биде банка, бидејќи тоа би бил добар знак за финансиските пазари. Претседателот на НЛБ банка проценува дека на банката во 2013 година и се потребни 375 милиони евра свеж капитал, при што не е исклучена можноста овој износ да биде и поголем ако биде зголемено барањето за капитална адекватност, или ако реструктурирањето се извршува со побавно темпо од планираното.
Слично

Поврзани вести