Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ Банка ги зголеми каматните стапки за кредитните картички

НЛБ Банка ги зголеми каматните стапки за кредитните картички

НЛБ Банка АД Скопје соопшти дека ги зголемува  каматните стапки за кредитните картички Visa Classic, MasterCard® Standard и MasterCard® Light, како и каматната стапка за дозволено пречекорување на трансакциска сметка за физички лица. Тоа значи дека каматните стапки на кредитните картички пораснуваат од 11,25% на 12%, кои важат од 15.08.2016 година за сите нови и постојни клиенти.

Споредбено со Охридска Банка Сосиете Женерал Груп и Стопанска банка АД Скопје, НЛБ банка има највисоки каматни стапки на кредитните картички согласно последните измени кои ги направи Банката .

Кај Стопанска банка каматите на кредитните картички Visa Star, Visa Gold, кобрендирана Visa Vero, MasterCard Standard изнесува 11,25% односно 10,13% за приматели на плата кои се редовни во отплатата на долгот.

Охридска Банка Сосиете Женерал Груп пак има  варијабилна каматната стапка која моментално изнесува 11,25% (стапка на вкупни трошоци од 11,85%). Каматната стапка во оваа банка е променлива во согласност со политиката за каматни стапки, но не е повисока од законски дозволената каматна стапка.

Слично

Поврзани вести