Најдобрите бизнисмени се кријат кај криминалците
„Најдобри бизнисмени“ во Словенија се криминалците, бидејќи се работи за луѓе кои преземаат ризици, кои можат да најдат начини за „правење пари“, објави денеска словенечкиот бизнис весник „Финанце“.
Според „Финанце“доколку овие луѓе би го корителе својот претприемачки дух во рамките на законот Словенија би цветала.
Големите словенечки компании се речиси стари и пропаднати. Словенија во последните 50 години не беше во состојба да создаде нова „Искра“ или „Крка“, иако тоа е и проблем во ЕУ, наведе весникот.
„Што не кочи“, прашува весникот „Финанце“ и заклучува дека земјата ја кочи системот и состојбата на свеста на луѓето кои сметаат дека вработувањето во јавниот сектор е работа за цел живот.
Слично
