Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нивото на водата во опаѓање, расте само Сава во Белград

Нивото на водата во опаѓање, расте само Сава во Белград

Нивото на реката Сава кај Јамен (влезот во Србија), Сремска Митровица и Шабец се  над границите на вонредна заштита од поплави со тенденција на мало опаѓање, додека кај Белград нивото на водата ќе биде во благ пораст и ќе се крева помеѓу границата на редовни и воредни контроли од поплави, објави Републичкиот хидерометеоролошки завод на Србија.

На долниот тек на Колкубара, кај Обреновац, во наредните 24 часа нивото на водата ќе има тенденција во благо опаѓање.

На Млава и Пек водата е вп опаѓање и се наоѓа над границите за вонредна контрола од поплава со тенденција на опаѓање.

Низ низводниот дел на Млава, кај Братница, дојде до пробивање на насипот и во наредните 24 часа нивото на водата ќе биде во стагнирање. На Бел Томок кај Зајечар и на Црн Томок кај Гамзиград нивото на водата е исто така во опаѓање.

На Дунав од бездната до Сланкамен нивото ќе се приближи до границите на нормалната заштита од поплави од 21. до 23 мај, низводно ќе биде во пораст и ќе се крева помеѓу границата на нормалната и вонредната одбрана од поплави.

На Морава кај Чуприја и Багрдан нивото се наоѓа над границата на вонредната заштита од поплави, а кај Варварин над нормалната заштита со тенденција на опаѓање. Кај Јасенец исто така нивото на водата е над вонредната граница со тенденција на опаѓање.

Слично

Поврзани вести