Нивото на Дунав високо околу 630 сантиметри
Директорот на „Водите во Белград“ Милош Миловановиќ изјави дека во овој момент нивото на водата во Дунав е високо околу 630 сантиметри, 20 сантиметри пониско од нивото што би значело прогласување на вонредна состојба поради поплави, пишуваат српски медиуми.
„Сите прогнози се благи и сме се подалеку од сценариото кое ни се случи пред седум дена“, изјави Миловановиќ за утринскиот дневник на РТС.
Тој додаде дека нивото на водата на крајот најверојатно ќе биде два метри под нивото за кое Белград е подготвен. Милиовановиќ им порача на граѓаните да не ги растураат ѕидовите, бидејќи со нив се штити Белград пд поплави и дека поради заштита вреќите можеби во јуни ќе бидат потребни. „Поволно е што врвот на поплавниот бран се пролонгира од ден во ден. Моментално се прогнозира дека ќе биде во недела, а доколку се помести за во понеденик, значи дека ќе биде понизок и поповолен за нас“, оценува Милановиќ.
