Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нивните работници се најплатени со 42 евра по час

Нивните работници се најплатени со 42 евра по час

Екстремната разлика во платите за еден работен час во земјите од Европската унија се намалува со премногу бавно темпо. 

Во 2016 година границите варираат меѓу 4,40 евра на час во Бугарија и 42 евра на час во Данска, соопштува германскиот национален дневен весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung, повикувајќи се на податоци од Европската статистичка служба (Евростат). 

Со плата од 33 евра на час, Германија е рангирана високо. Земјите со најниски плати се Бугарија и Романија, следени од балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија. Во Бугарија трошоците за работна сила се зголемени за 7,8% во 2016 година, а во Романија - со 12,7%. Податоците ги покажуваат разликите во благосостојбата во рамките на ЕУ. Од политичка гледна точка тие се од значење, бидејќи луѓето од земјите со ниски плати бараат подобро платена работа во најпросперитетните земји-членки на заедницата. 

Слично

Поврзани вести