Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИВНИ ВОЈНИЦИ СЕ ВО БАЊА ЛУКА: ЕУФОР ќе го чува мирот во БиХ?

НИВНИ ВОЈНИЦИ СЕ ВО БАЊА ЛУКА: ЕУФОР ќе го чува мирот во БиХ?

Војници на ЕУФОР повторно се присутни на улиците на босанскиот град Бања Лука. 

Силите на ЕУФОР патролираат во Република Српска. Нивните возила минале низ една од централните населби во Бања Лука, јавува националниот сервис на Република Српска – РТРС.

Медиумите во Република Српска потсетуваат дека ЕУФОР веќе го засилил својот контингент во БиХ со дополнителни 500 војници, така што сега вкупниот број на војници распоредени во Босна и Херцеговина е 1.100.  Воениот контингент германски војници би требало да пристигне пред изборите на 2 октомври. 

Откако Русија ја нападна Украина, експерти коментираа дека е можно и Балканот да се дестабилизира. Изминативе години босански политичари излегуваа со радикални изјави за отцепување, а се споменуваше и војна. 

Фото: РТРС

Слично

Поврзани вести