Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИВНАТА ВАЛУТА ИЗГУБИ ВРЕДНОСТ: Властите ќе избришат четири нули

НИВНАТА ВАЛУТА ИЗГУБИ ВРЕДНОСТ: Властите ќе избришат четири нули

Иран го деноминира ријалот, односно брише четири нули.

Oваа валута се тргуваше на црниот пазар за околу 156.000 ријали за еден долар. Ова може да се види од податоците на веб-страниците кои го следат тргувањето со девизи.

Иранската национална валута ќе биде преименувана од ријал во томан, и ќе има номинална вредност како поранешни 10.000 ријали. 

Деноминацијата на ријалот доаѓа по нагло опаѓање на вредноста на валутата.

Ќе бидат потребни две години за Централната банка на Иран да ја реализира во пракса замената на валутата во томан.

Идејата за бришење на четири нули се споменува од 2008 година.

Подоцна, ријалот изгуби повеќе од 60 проценти од својата вредност.

Оваа валута и во 2018 година заврши на дното. 

На историски минимум во однос на доларот тогаш падна иранскиот ријал, затоа што Вашингтон најави дека ќе воведе санкции против Техеран. 

Валутата имаше турбуленции и поради слабата економија. 

Во март 2018 година целосно беше забрането тргувањето со долари во Иран. 

Слично

Поврзани вести