НИВ ОСВОЈТЕ ГИ: Овие хороскопски знаци никогаш не си играат со чувствата на другите
Знаеме дека нема гаранција за ништо и не можеме да ги ставиме сите под заеднички именител. Но, кога зборуваме за хороскопски знаци, ги имаме предвид повеќето претставници на даден Хороскопски знак. Тоа се двата хороскопски знаци кои никогаш не си дозволуваат да си играат со чувствата на некого:
РАК Исклучително посветен знак кој би направил сè за својата партнерка или својот партнер. Претставниците на овој знак умеат да ги почитуваат ветувањата и таа особина е многу ценета од нивниот партнер. Овие луѓе сфаќаат каква привилегија е некој да те сака безусловно и за тоа никогаш не би си дозволиле да си играат со чувствата на другите. Тие се заљубуваат тешко, но кога засакаат некој вистински, тој останува нивниот човек засекогаш. Прават сè за нив, се грижат на секој начин и никогаш не покажуваат осцилации во чувствата, бидејќи кај нив такви недостасуваат. Вистински среќници се оние кои се сакани од знак Рак.
ДЕВИЦА Девиците имаат многу принципи во животот и гледаат секогаш да ги почитуваат, што и да се случува. Понекогаш се изневеруваат себе и ги пречекоруваат своите граници, но никогаш не ги повредуваат своите половини. Кога почувствуваат дека некој се вљубува во нив, но не го имаат истото чувство , секогаш даваат јасно до знаење дека тие не пројавуваат интерес за таа личност. Никогаш не би си дозволиле да излегуваат со некого, едноставно затоа што немаат друга опција или не знаат што всушност сакаат. Девиците се многу одговорни кон своите партнери и ги сакаат вистински. Не дозволуваат ништо и никој да ги поколеба, и веруваат само на сопствената проценка.
