Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ниту Заев, ниту Шеќеринска – ова ќе бидат носителите на листи на СДСМ

Ниту Заев, ниту Шеќеринска – ова ќе бидат носителите на листи на СДСМ
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ги дефинираше листите со кандидати за претстојните предвремени парламентарни избори, дознава Фактор. Според партиски извори, во врвот на листите има и неколку изненадувања. Така, во скопската Изборна единица 1, носител ќе биде професорката Рената Десковска. Во ИЕ2 листата ќе ја предводи портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. Во ИЕ3 - досегашниот пратеник Маријанчо Николов. Во ИЕ4, носител на листата на СДСМ ќе биде Хари Локвенец, кој беше кандидат на оваа партија за градоначалник на Прилеп на последните локални избори. Во ИЕ5 носител ќе биде претседателот на општинската организација на СДСМ во Битола Васко Ковачевски. Во последната, 6-та тетовско-гостиварска Изборна единица, носител ќе биде Стојко Пауновски. Најголемо изненадување е што на листите ги нема ниту лидерот на СДСМ Зоран Заев, ниту потпретседателката на партијата Радмила Шеќеринска, но и голем број од досегашните високи партиски функционери, тврдат партиски извори.
Слично

Поврзани вести