Ниту еден работник во британско пристаниште не сакаше да растовара руска нафта
Британските пристанишни работници денеска одбија да истоварат руска нафта.
Тие ја повикаа владата во Лондон да се реши пропустот во системот на санкциите, со кои на бродовите кои пловат под странско знаме им се возоможува испорачување енергенси од Русија.
Танкерот „Seacod“ моментално е вкотвен во близина на рафинеријата Стенлоу во северозападна Англија, а како тврди синдикатот Unite, прашањето на неговиот товар, односно нафтата, „не е покриено“ со донесените санкции кои се однесуваат на руските бродови, бидејќи плови под знамето на Германија.
Со новиот круг на британските санкции воведени по почетокот на руската воена операција во Украина, на сите пловила во руска сопственост, бродови кои се под руска контрола или со нив управува ентитет од Русија, бродови регистрирани во Русија, како и на оние кои пловат под руско знаме, им се забранува впловување во британските пристаништа.
„Поради судирите кои се во тек во Украина, ниеден работник на Unite на локацијата Стенлоу нема да истоварува руска нафта, без оглед на знамето под кое плови бродот. Unite го повикува министерот за сообраќај Грант Шапс веднаш да го исправи овој пропуст“, изјави генералната секретарка на синдикатот, Шерон Греам.
Велика Британија, инаку, е многу помалку зависна од руските енергенси отколку што се другите европски земји.
ЕУ воведе санкции за Русија. Санкции воведе и Канада, но и Сингапур.