Ниту еден иновативен проект против загадување на воздухот помогнат од државата се уште не е ставен во употреба
Ниту еден од петте проекти помогнати од Фондот за иновации и технолошки развој против загадувањето на воздухот по една година се уште не се ставени во употреба, објави „360 Степени“, иако е измината цела година од тогаш. Директорот на фондот, Јован Деспотовски, вели дека е потребно време за тие концепти да најдат практична употреба и дека се оди според замислата. Вкупно за овие проекти е обезбедена поддршка од грантови од 140.000 евра.
Повикот на ФИРТ за финансирање проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини се одржа на крајот од 2017-та. Се пријавија 30, а зибрани за финансирање на нивните концепти од државата на крајотбеа пет фирми.
„Имаме пет сосема солидни решенија, сите веќе во финална фаза на изработка како што и кажав дел од нив веќе се тестираат во реална средина. 2019 година ќе ја посветиме на дел од тие решенија реално да премине во практика“, вели Деспотовски.
Само една фирма засега има готов производ, но и тој чека да биде ставен во употреба. и е дело на „Технобен“ од Прилеп. Се работи за филтер што го намалува загадувањето од фабриките потпомогнат со грант од 31.000 евра. Изумот веќе е инсталиран во фабрика во Битола која треба да проработи и да се тестира практичната употреба.
