Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НИТУ ЕДЕН ГЕРМАНЕЦ НЕМА ДА ЗАМРЗНЕ ВО ГРЦИЈА“: Ги повикаа да презимат во топлите краишта поради кризата со гас

„НИТУ ЕДЕН ГЕРМАНЕЦ НЕМА ДА ЗАМРЗНЕ ВО ГРЦИЈА“: Ги повикаа да презимат во топлите краишта поради кризата со гас

Грчките политичари ги повикуваат Германците да ја поминат зимата - далеку од енергетската криза.

Грчкиот министер за туризам, Василис Кикилијас, ги повика Германците да ја поминат зимата во неговата земја поради инфлацијата и заканата од недостиг на енергија.

„За есен и зима би било големо задоволство за нас Грците да ги пречекаме германските пензионери кои сакаат да доживеат „медитеранска зима“ со грчко гостопримство, благо време и квалитетни услуги“, изјави Кикилијас за весникот „Bild“, пренесува германски Fokus.de. Ќе ве чекаме овде“, додаде министерот.

Градоначалникот на Ханија: „Ниту еден Германец нема да замрзне во Грција“

На повикот се приклучи и градоначалникот на пристанишниот град Ханија на грчкиот остров Крит, Панајотис Симандиракис. „Го покануваме секој Германец кој сака да дојде кај нас оваа зима да живее тука - далеку од кризите“, рече тој. Крит е многу погоден „да преживее кризна зима“. Овде не ви треба греење во куќата. Ниту еден Германец нема да замрзне во Грција“, рече политичарот.

ФОТО: YouTube

Слично

Поврзани вести