Ниска свест кај граѓаните и Институциите – „Запоседнати“ од говор на омраза
Нема крај на говорот на омраза на социјалните медиуми, а исклучок не се ниту политичарите и институциите кои наместо да го казнуваат самите се негови поттикнувачи. Ова се вели во последната анализа која Хелсиншки комитет ја разработи.
Од оваа институција на улица Македонија вчера беше поставен „Ѕид на срамо“ со цел да се крене јавната свест за присутноста на говорот на омраза во јавната сфера.
Оттаму реагираат и дека МВР не преземало речиси ништо за санкционирање на сторителите на Јавното обвинителство и не постапувале по поднесените кривични пријави.
Реагираа на ниската свест кај граѓаните што претставува говор на омраза, поради тоа и одлучиле да преземат низа активности за да се променат овие прашања, а проектот што го реализираат содржи низа лобирања за превенција од говор на омраза, како и зголемување на свеста кај граѓаните и институциите.
Националната, верската припадност и јазичната припадност според анализата на комитетот остануваат најчести форми на говор на омраза.
