НИШТО ОД ВЕТУВАЊЕТО:Југохром продолжува да ги труе граѓаните без филтри на оџаците
На почетокот на март Југохром, по пауза од два месеци ги вклучи печките но без филтри на оџаците.
Од Југохром тогаш рекоа дека до октомври со филтри сигурно ќе бидат најголемите печки во вториот погон, а ќе се направат напори во системот за отпрашување да влезе и третиот погон, но засега само празно ветување.
Надлежните инспектори на терен потврдија дека „Југохром“ не ги исполнува условите за работа.
Инспекторите утрврдија на терен дека „Југохром“ не ги исполнува условите за работа. Тие целата документација ја испратија до министерот за животна средина Башким Амети. Тој изјави дека нема институцицинална соработка и оти се чека одлуката на влада.
Од „Југохром“ пак тврдат дека работите биле пролонгирани заради администрација, но дека работат интензивно на поставување на филтрите.
Југохром доби неколку пролонгирања
Преклани Владата на компанијата и даде уште две години дополнителен рок, да ги исполни условите за имплементација на еколошките дозволи, а тој истече вчера.
